Застрашувачко видео со последиците од само еден месец пушење

Лондон, 29. декември 2018 (ИНПРЕС) – Иако сите ги знаеме последиците од пушењето и колку е тоа штетно, сепак повеќе од милијарда луѓе ширум светот редовно пуши.

Од Public Health England објавија видео кое јасно покажува како чадот од цигарите влијае врз нашите бели дробови, само после еден месец пушење.

 

Lion Shahab и Rosemary Leonard, научници кои се дел од истражувањето велат дека е поразително колку катран се собира во белите дробови на пушачите после само еден месец активно пушење.

– Важно е сите пушачи да знаат дека преминувањето на елетронските цигари е помалку штетно во однос на обичните. Тоа е добра замена за цигарите, исто како и користењето ба никотинските фластери, тврди професорот John Newton од Public Health England.

Сепак тие додаваат дека и електронските цигари не се безопасни. Станува збор за апарати кои користат течен никотин кој се загрева до пара и се вдишува, со што се избегнуваат штетите кои ги предизвикува чадот од обични цигари. (Крај)

извор: Public Health England фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest