petardi

Кај охриѓанец пронајдени и одземени 13.000 петарди

Охрид, 31. декември 2018 (ИНПРЕС) – На 28-ми декември оваа година, извршен е претрес во домот на 44-годишниот И.Ш. на улицата „Гоце Делчев“, а потоа и во неговата продавница за обувки лоцирана на Градскиот пазар во Охрид.

– Притоа, пронајдени и одземени се вкупно 13.000 различни нелегални пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против И.Ш. ќе поднесе соодветна пријава, информираат од секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest