balet-viena

Виенскиот концерт е и празник за очите, вели Артур Арбесер дизајнер на балетските костими

Виена, 31. декември 2018 (ИНПРЕС) – По Вивиен Вествуд и Валентино Гаравани, за првпат австрискиот креатор Артур Арбесер, ги дизајнираше костимите за балетските танчари кои се појавуваат во инсертите за време на традиционалниот концерт на Виенската филхармонија на 1-ви јануари.

Додека Филхармонијата, под диригентство на германецот Кристијан Тиелеман ќе ги изведува валцерите и полките од фамилијата Штраус, за тв гледачите ќе се пренесуваат балетски точки со солистите од виенскиот Штац балет, снимени во неколку раскошни дворци низ Австрија.

Триесет и шест годишниот Арбесер, кој е роден во Виена, школуван во Лондон, работел неколку години за италијанската модна куќа „Џорџо Армани“.

„Дизајните се исто толку важни како музиката. Сакам настанот да биде како празник за очите. Тоа е она значајното за концертот на Нова Година, убава картичка од Австрија и Виена“, вели дизајнерот.

Тој вели дека сакал да постави модерни акценти во костимите за традиционалниот Новогодишен концерт.

„Знаев дека морав да поставам модерни акценти за да покажам дека што сѐ може еден млад дизајнер“, вели Арбесер.

Резултатот е успешна интеракција на танчерите, музиката, костимите и нивната околина“, стои во најавата за концертот.

Телевизискиот пренос од 1 јануари 2018 година од концертната сала „Музикферајн“ се пренесуваше во 90 земји, а го гледаа над 50 милиони луѓе. (Крај)

извор: СДК фото: архива/vaaju.com

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest