nova-godina-avstralija

Самоа прва влезе во 2019-та, час подоцна и Нов Зеланд

Самоа, 31. декември 2018 (ИНПРЕС) – Пацифичкиот остров Самоа со огномет во главниот град Апиао во 11 часот по средноевропско време е првата територија на планетата којашто зачекори во новата 2019 година, а по еден час следеше и Нов Зеланд.

„Самоа ја дочекува Новата година со стил“, објавија властите на оваа земја со снимка од огнометот кој го следеле илјадници луѓе.

Жителите на Окленд во Нов Зеланд уживаа во традиционалниот огномет од Скај тауер.

Во 13 часот во 2018-та ќе влезат и некои области од Русија, а потоа во 14 часот и Австралија каде ќе може да се ужива во спектакуларен огномет во пристаништето над зградата на операта и мостот во Сиднеј.

Во Сиднеј се очекуваат 1,5 милион луѓе на бреговите од пристаништетот каде ќе го следат спектакуларниот огномет. Организаторите наведуваат дека ова ќе биде најголемата прослава досега и оти 12-те минути огномет ќе чинат шест милиони австралиски долари.

За големи прослави се подготвуваат и Лос Анџелес и Хонолулу, а во Латинска Америка, Буенос Аирес и во Рио де Жанеиро ќе бидат местата на најлудите новогодишни прослави.

Во 2019 година последни, пак, ќе влезат жителите на Француска Полинезија и Американска Самоа, цел ден после Самоа, иако ги делат само 80 километри.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Нетпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest