benzini-640x360

Од полноќ се намалуваат цените на бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 8. јануари 2019 (ИНПРЕС) – Ново намалување на цените на бензините.

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за 2,5 денари по литар, а на дизелот за 3 денари.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 58,50, додека на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 60,50 денари за литар.
Еуродизелот (Д-Е V) ќе се продава за 55 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 43,50 денари за литар.

Се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 25,949 денари за килограм.

Новите цени на горивата стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest