Missing image

Мртов човек пронајден во близина на охридскиот пазар, врз телото нема траги на насилство

Охрид, 7. август 2014 (ИНПРЕС) – СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице, чие тело беше пронајдено вчера в близина на Градскиот пазар во Охрид.

Врз неговото тело нема траги на насилство, што е констатирано по извршен патолошки преглед,  а по наредба на дежурен Јавен обвинител.

Се работи за машко лице на возраст од седумдесет до осумдесет години, висок околу 170 сантиметри, средно развиен, со бела ретка кратка коса и кратка брада. На себе имал сиво палто и пантолони, карирана сина кошула, сив џемпер и сива капа.

Сега починатиот, вчера во 19:15 часот со возило на брза помош, од Градскиот пазар, било донесено на интерното одделение во Општата болница, каде и покрај преземените обиди за реанимација, починало.

До овој момент, во СВР Охрид не е пријавено исчезнато лице поради што се молат граѓаните секоја корисна информација да ја достават до СВР Охрид или на телефонот 192. (Крај)

иввор: СВР Охрид фото: Инпрес