opstina-ohrid-vlez1

Општина Охрид: Исплатата е запрена, формирана е комисија и поведена е постапка за спорните плаќања на штетите од земјотресите

Охрид, 9. јануари 2019 (ИНПРЕС) – Со низа неаргументирани обвинувања, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, на прес-конференција, неуспешно се обиде да фрли сомнеж за наводни сериозни индиции за криминал во работењето на општина Охрид, реагираат од општина Охрид.

– За негова жал, како и многупати досега, тоа не му успеа бидејќи јавноста знае дека криминалот на ВМРО-ДПМНЕ тежок стотици милиони евра за кој секојдневно има рочишта во судовите, не може да се покрие со одвлекување на вниманието на граѓаните со измислени сомнежи. Јавноста треба да знае дека уште на 06.12.2018 година побарано е да се изврши увид во документацијата и евентуалните спорни плаќања на штетите од земјотресите што се случија летото во 2017 година, а истиот ден исплатата е запрена. На 14.12.2018 година формирана е комисија со решение бр. 09-17994/1 со задача по увидот врз документацијата да направи записник за плаќањата, а на 31.12.2018 година е покрената дисциплинска постапка против државниот службеник кој е председател на комисијата. Дисциплинската постапка ја води посебна комисија од седум члена која е формирана на 04.01.2019 година. Доколку во ВМРО-ДПМНЕ заборавиле, редно е во интерес на граѓаните, да потсетиме дека Комисијата за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи е формирана на 18.07.2014 година со одлука на Советот на општина Охрид, односно од претходната локална власт на ВМРО- ДПМНЕ. Општина Охрид е транспарентна пред своите граѓани. А Вие? – стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest