zabolenigrip

Ситуацијата со грипот во Охрид засега не е алармантна

Охрид, 9. јануари 2019 (ИНПРЕС) – Во Охрид последниве две недели се регистрирани само два случаи на грип, што е многу помалку за разлика од лани во истиот период.

Останатите случаи кои се евидентирани се вирози. И додека низ градовите во земјава грипот ги полни амбулантите, кај нас ситуацијата засега не е алармантна. Оваа сезона имунизацијата против сезонски грип се вршеше со најновата четиривалентна вакцина.

– Пред новогодишните празници беше забележан еден случај на грип и уште еден минатата недела. Тоа е помалку за разлика од лани во истиот овој период. Имаше голем интерес за имунизација, се надевам на добра заштита, изјави за Супер радио и OhridPress епидемиологот д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.

Таа очекува бројката на заболени од грип да порасне по враќањето на децата во училишните клупи.

Од охридскиот Центар за јавно здравје излегоа со препораки за заштита од грипот во текот на зимските месеци. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest