sovet-sednica-noemvri

Свикана 23-та седница на Советот на општина Охрид

Охрид, 10. јануари 2019 (ИНПРЕС) – Претседателот на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска ја свика 23-та седница на Советот на општина Охрид.

Истата ќе се одржи во среда, на 16-ти јануари со почеток во 11:00 часот, во зградата на општина Охрид.

Седницата има 39 точки на Дневниот ред, меѓу кои и Предлог-одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски Гробишта“ Охрид, годишните планови за вработување во охридските јавни претпријатија, предлог програмата во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2019 година, предлог годишната програма за поставување Урбана опрема во општина Охрид за 2019 година, предлог-одлуката за прифаќање на Иницијативата за експропријација на градежно земјиште и други.

Комплетниот Дневен ред ОВДЕ. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest