bukovo

Укината забраната за камиони на премините „Буково“, „Ѓавато“ и кон граничниот премин „Ќафасан“

Охрид, 10. јануари 2019 (ИНПРЕС) – Од 08:55 часот утрово се укинуваат забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Охрид-Ресен преку планинскиот премин „Буково“ и Ресен-Битола преку планинскиот превој „Ѓавато“.

– Од 08:30 часот се укинува забраната за тешки товарни возила на патниот правец Струга-граничен премин „Ќафасан“. Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево, преку планинскиот премин „Стража“, Кичево-Охрид, преку планинскиот премин „Пресека“, патот Прилеп-Македонски Брод на планинскиот премин „Барбарос“ како и на патниот праевец Тетово-Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири), информираат од АМСМ. (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest