germanija-rakomet

Германија и Данска со победа го отворија СП во ракомет

Берлин, 11. јануари 2019 (ИНПРЕС) – Репрезентацијата на Германија со победа од 30-19 (17-10) над Јужна Кореја го отвори Светското првенство во ракомет, на кое се ко-домаќини со Данска.

Во Берлин, германските ракометари уште од стартот имаа целосна контрола на резултатот и немаа поголеми проблеми против Корејците, кои за првпат играат под заедничко знаме. „Панцирите“ на полувремето водеа со +7, а потоа рутински ја зголемуваа предноста до конечен триумф од +11.

Генсхајмер реализираше 7 гола, додека Фекелер реализираше четири за победничкиот тим. Кај Корејците, Јанг и Канг се истакнаа со по четири гола, а добар меч кај поразениот тим имаше голманот Парк со дури 17 одбрани.

Во наредното коло, Германците играат со Бразил, додека Кореја игра против Русија.

Во вториот синоќешен натпревар Данска го декласира Чиле во Копенхаген со 39-16. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest