Utreh Saem

Убавините на Охрид и Македонија претставени на саемот во Утрехт

Охрид, 11. јануари 2019 (ИНПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со приватниот сектор традиционално учествува на интернационалниот саем за туризам во Утрехт „Vakantiebeurs“, кој се одржува 9-ти до 13-ти јануари во Холандија.

Холандскиот пазар кој е еден од првите и најлојални туристички пазари на Република Македонија продолжува да расте. Лојалноста во туризмот којашто најтешко се постигнува, Македонија на овој пазар и официјално ја постигна со тоа што успеа да врати по втор или трет пат холандски туристи кои имаат желба да посетат и други делови од Македонија, освен најголемите туристички центри.

Image may contain: 1 person, standing

– Делегација на Агенцијата за туризам за време на саемот во Утрехт, одржа бројни состаноци со цел унапредување на веќе етаблирана соработка со големите тур-оператори ТУИ, Корендон и Томас Кук, но и со бројни помали кои имаат идеа да носат индивидуални патувачки или помали групи на одмор во Македонија. Нашиот штанд го посети конзулот на Република Македонија во Холандија, Цеес Содер, а ко-егзибитори се ХОТАМ, општина Охрид и Струга, и туристичката фирма Чејнџфорлајф. Првиот бизнис ден помина успешно за сите инволвирани туристички професионалци, со мотивација за проширување и зацврстување на позицијата на холандскиот туристички пазар, информираат од Агенцијата.

Image may contain: 1 person, indoor and outdoor

Саемот се очекува да биде посетен од над 117.000 посетители и над 1200 изложувачи од 65 земји од светот.

„Vakantiebeurs“ претставува водечки саем за туризам во Холандија преку кој постои можност за вмрежување помеѓу македонскиот и холандскиот приватен сектор. Ова индиректно придонесува за контунуиран раст на бројот на холандски туристи во Република Македонија. Согласно статистичките податоци во десетте месеци од 2018 година растот е 3% и се очекува оваа 2019-та година да се достигне оптимумот од 10% раст. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Агенција за туризам 

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest