12_01_2019_UKRASENDVOR_5

Дворовите на Шапкароски, Кркулески и Бандилова прогласени за најубаво украсени

Охрид, 11. јануари 2019 (ИНПРЕС) – Дворовите на Марјан Шапкароски, Ванчо Кркулески и Јована Бандилова беа прогласени за најубаво украсени за новогодишните празници.

По петти пат локалната самоуправа го распиша конкурсот за избор на најубаво украсен двор или балкон. Секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски, денес, ги врачи признанијата и наградите на трите најубаво украсени дворови.

Шапкароски, Кркулески и Бандилова за својот труд беа парично наградени со  10.000 денари,  6.000 денари и 4.000 денари соодветно. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest