nurkaciezero

Во пресрет на празникот Водици нуркачите го чистеа дното на пристаништето (Фото)

Охрид, 12. јануари 2019 (ИНПРЕС) – Во пресрет на големиот христијански празник Богојавление – Водици, десетина охридски нуркачи денес го чистеа дното на езерото, на потегот кај Градското пристаниште.

На оваа локација на Водици ќе се фрла Светиот крст во воите на Охридското Езеро. Од водата извадија најразличен отпад, фрлан во текот на годината што е веќе зад нас.

Чистењето на дното на езерото се врши секоја година во пресрет на празникот Водици, пред се` поради сигурноста на капачите кои ќе скокаат по чесниот крст, а како дел од активностите на охридската локална самоуправа за достоинствено прославување на овој голем празник.

Охридските нуркачи редовно го чистат езерото во пресрет на сезоната, а минатата година беа и дел од големата ЕКО акција „Мој Охрид, чист Охрид“, што во организација на Супер радио се одржа во пресрет на главната туристичка сезона. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest