Janeski

Јаневски: Оваа година очекуваме 20 до 40 насто повеќе полски туристи

Скопје, 14. јануари 2019 (ИНПРЕС) – Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски оствари средба со полскиот амбасадор во Република Македонија, Војчех Тицињски, со кого разменија информации и мислења за развојот на односите меѓу Македонија и Полска на планот на туризмот.

– Во текот на 2018 година полските туристи беа најбројни во Република Македонија, за што има придонес и воспоставувањето на редовна чартер авио линија на полската компанија ЛОТ на релацијата Катовице-Охрид, истакна Јаневски на средбата.

На истата било констатирано дека кај полските граѓани постои интерес за туристичка посета на Македонија и дека во иднина треба да се интензивира маркетинг и медиумската кампања во полските медиуми, особено интернет промоција посветени на квалитетот на туристичката разновидна понуда. Со тоа, според директорот Јаневски, бројот на полските туристи во Македонија во оваа година се очекува да се зголеми од 20 до 40 насто. (Крај)

извор: АППТРМ фото:АППТРМ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest