aleksiscipras

Владата на Ципрас веројатно нема да падне, а има и мнозинство за Договорот од Преспа

Атина, 15. јануари 2019 (ИНПРЕС) – Во пресрет на расправата за доверба на грчката Влада и утрешното гласање, владиниот портпарол и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, смета дека Владата ќе добие доверба и ќе може да продолжи да ја води земјата.

Грчкиот премиер, Алекис Ципрас говорејќи на конференција посветена на Договорот од Преспа, само неколку часа по заминувањето на Панос Каменос од коалициската Влада, а на два дена по изгласаните уставни измени кај нас, му честиташе на неговиот македонски колега и рече дека „исто како што соседите не се повлекоа, така и Грција нема да се повлече“, бидејќи смета дека договорот е историски, национално корисен и патриотски.

На утрешното гласање доверба на владата, уште двајца пратеници од Независни Грци ќе заземат спротивна позиција од претседателот.

Танасис Папахристопулос, кој и во минатото јавно изјавуваше дека го поддржува Договорот од Преспа, во интервју за грчката телевизија ЕРТ, вчера го повтори неговиот став дека ќе гласа „за“ и за доверба на владата и за ратификацијата, а потоа ќе го отстапи пратеничкото место.

Неговиот сопартиец Костас Зурарис, веројатно е дека ќе ја поддржи владата, но не и Договорот од Преспа.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest