tereza-mej-1_1_640x360

Меј: Го слушнавме Парламентот, но да го слушаме и народот

Лондон, 16. јануари 2019 (ИНПРЕС) – Британската премиерка Тереза Меј по синоќешното гласање на кое пратениците го одбија Договорот за Брегзит, изјави дека го слушнала мислењето на Парламентот, но дека е важно да се слуша и волјата на британскиот народ.

Таа нагласи дека пред да го преземе следниот чекор, прво ќе почека да види дали нејзината Влада ужива доверба во Парламентот, на денешното гласање на пратениците за недоверба на владиниот Кабинет.

Долниот дом на британскиот Парламент синоќа со 432 гласа „против“ и 202 „за“, го отфрли Договорот за истапувањето на Велика Британија од ЕУ, што лани во ноември го постигнаа Владата на Меј и Брисел.

По одбивањето на договорот, лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Џереми Корбин ги повика пратениците да ја урнат Владата на Меј.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest