tepacka1

Тепачка меѓу две лица, нападнат и полицаецот кој ги делел

Охрид, 18. јануари 2019 (ИНПРЕС) – Ноќеска, околу 03:00 часот по полноќ, две лица го нарушиле јавниот ред и мир на улицата „Партизанска“ во Охрид.

– Се случила тепачка помеѓу 26-годишните Д.А. од Охрид и Д.И. од селото Горно Лакочереј. Во обид да преземе законски мерки за спречување на нарушувањето, интервенирал униформиран полициски службеник од полициската станица Охрид, но притоа, бил физички нападнат од Д.И. Истиот е приведен и по консултација со Јавен обвинител е лишен од слобода. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, против учесниците во нарушувањето и сторителот на физичкиот напад, ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest