ok-vmro-dpmne-640x359

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ призна дека има криминал во исплатите на штетите од земјотресите

Охрид, 24. јануари 2019 (ИНПРЕС) – СДСМ призна дека има криминал во исплатите на штетите од земјотресите, обвинуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Затоа, збунетоста и неодговорноста на в.д градоначалникот Константин Георгиески е се’ поочигледна. Целата јавност е сведок на јавното признание дека Општината со која раководи има сомнителни исплати за обесштетување на граѓаните од штетите за земјотресите токму од вработените, но и функционери од власта.
Но, дали Георгиески сака да затскрие и други фалсификувања на документи, префрлување пари на туѓи трансакциски сметки, за една иста исплата дадени пари на неколку лица? Затоа, ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува Секторот за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство во Охрид да постапат искрено и чесно според законите, за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите. Граѓаните треба транспарентно да бидат информирани за секое неодговорно работење на Локалната самоуправа. Покрај кривичната одговорност којашто е задолжителна за сите сторители, оваа локална власт доколку чувствува грам совест треба да знае дека моралната одговорност е неизбежна. Многу брзо охриѓани ќе го испорачаат одговорот за оваа криминалана и неспособна власт предводена од градоначалникот Георгиески и СДСМ, реагираат од партијата.

В.д градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски на прес конференција денес потврди дека постои основано сомнение и индиции за сторени неправилности по однос на исплатата на средствата за штетите од земјотресите во 2017 година.

Откако во јавноста беше обелоденето, а и од службите во општината биле преземени одредени постапки, за недоследности и сомнителни активности при исплатата на штети од земјотресите во Охрид, комисијата презеде соодветни дисциплински мерки спрема претседателот на општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди, кој ја водеше постапката и одлучи да го казни парично, потенцира в.д градоначалникот Константин Георгиевски.

– Ценејќи ги сите отежнителни и олеснителни околности седумчлената комисија со тајно гласање утврдила сторен дисциплински престап и утврдила изрекување дисциплинска мерка во висина од 30% од висината на едномесечниот износ на нето исплатената плата во последниот месец пред извршување на дисциплинскиот прекршок, во траење од шест месеци, истакна Георгиевски. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ/ИнПрес фото: архива/ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest