Trusi

Близнаците Труши ја влечат за нос италијанската полиција: Не можат да им докажат стотици дела

Верона, 28. јануари 2019 (ИНПРЕС) – Браќата Труши, етнички Албанци, се близнаци кои се облекуваат исто, имаат исти тетоважи, носат скоро идентичен генски профил и можат да се разликуваат само по отисоците од прстите.

Станува збор за наводни сторители на криминални дела кои веќе подолг период ја влечат за нос италијанската полиција и судовите кои не можат да ги осудат, затоа што не можат да потврдат кој точно го сторил делото, Едмонд или неговиот брат близнак Едуард.

Судот во Верона пред неколку дена го ослободи Едуард Труши од обвинението за тешка кражба. Италијанска repubblica.it јавува дека со ДНК анализата не можело да се докаже дали на местото на злосторството бил Едуард или неговиот брат Едмонд.

Интересно е што Едуард во 2016-та и 2017-та година бил ослободен од судот по истото обвинение. (Крај)

извор: repubblica.it фото: repubblica.it

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest