ljubenkrstanoski

Љубен Крстеноски од Охрид освои 218.270 денари во рамките на 9-то коло на Ново Лото 7/34

Охрид, 1. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Љубен Крстеноски од Охрид е среќниот добитник на 218.270 денари во рамките на деветото коло на Ново Лото 7/34.

Добитната комбинација е уплатена во Охрид, во продажното место „Владија“. Љубен денес ја посети Благајната на Државна лотарија на Република Македонија, ја подигна својата добивка и за порталот фактор.мк ја раскажа својата среќна приказна.

Повеќе од 20 години тој ги игра истите среќни броеви, а до сега само неколку пати имал помали добивки.

Ова е првата поголема добивка која му донесе 218.270 денари и која ќе ја искористи во кругот на семејството. И броевите кои ги игра повеќе од 20 години се броеви кои значат нешто во нивното семејство, среќни датуми, родендени и слично. Тој уплатил 10 комбинации по 20 денари, а добитна е третата комбинација, на која единствено не е уплатен бројот 21 од извлечените броеви во ова коло.

Потрагата по седумката, продолжува и во 10 коло, а нејзината вредност надминува 16 милиони денари. (Крај)

извор: фактор.мк фото: фактор.мк

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest