gradiste1

Наследниците на имот во Градиште се против најавената легализација

Охрид, 4. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Преку допис до медиумите, наследниците на имот во делот на Градиште, бараат на утрешната седница, Градскиот совет да не дозволи легализација на бесправно изградените објекти.

– Во вторник на 5-ти февруари е закажана седница на Советот на општина Охрид со дневна точка легализирање на дивоградби, камп приколки, дворови, на најатрактивните места на Охридското Езеро и тоа во Градиште. Скандалот се состои во тоа што тие се незаконски вметнати во Катастар на РМ како „зпз земјиште под зграда“. Земјиштето се` уште се води на Република Македонија, бидејќи 18 години трае постапка на денационализација. Пред неколку години имаше иста ситуација кога преку седницата на совет на општина Охрид требаше да се легализираат дивоградби во Градиште, но тој обид беше спречен со протест пред општина Охрид организиран на барателите на имот на денационализација и точката веднаш беше тргната од дневен ред. Сега истата ситуација се повторува но разликата е што дивоградбите веќе се вметнати во Катастар и со гласање во вторник треба да се легализираат, стои во дописот.

Засегнатите граѓани додаваат дека веќе 18 години се заглавени во лавиринтите на системот.

– Нашата правда е попречена од поединци вработени во тој систем, кои себеси се поставуваат над законите и Уставот на РМ. До сите институции, органи кои се поврзани со Градиште ќе испратиме документи со докази за злоупотребите на Градиште. Баране од Катастар итно да се отстранат неправилностите, а инволвираните да одговараат за злоупотребите, реагираат во дописот и најавуваат радикализирање на нивните барања и протести, доколку не се одговори на нивните барања. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest