zaevtav

ТАВ ќе ги модернизира охридскиот и скопскиот аеродром со 10 милиони евра

Скопје/Охрид, 4. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Забрзување на процесот на реализација на новите инвестиции од 10 милиони евра што ТАВ ќе ги направи за модернизација на македонските аеродроми и за инвестиции од 35 милиони евра во инфраструктурни проекти, локални патишта, градинки, водоводи и канализации во висина, што произлегува како обврска на ТАВ од договорот за концесија.

Ова беа главните теми за кои денес разговараа Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески со извршниот директор на ТАВ, Сани Сенер и со генералниот директор на ТАВ Македонија, Алпер Тунга Ерсој.

Постои согласност од двете страни дека во најбрз временски период треба да отпочне реализацијата на овие проекти.

На средбата беше потврдена одличната соработка со ТАВ којашто во иднина ќе се унапредува и продлабочува. Премиерот Заев ја истакна важноста на традиционалното пријателство и одличната билатерална соработка на нашата земја со Република Турција во градењето на цврсти економски релации помеѓу двете земји. (Крај)

извор: Влада на РМ фото: Влада на РМ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest