otan

Македонија денес го потпишува пристапниот протокол за членство во НАТО

Брисел, 6. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Дваесет и деветте земји членки на Северно-атлантската Алијанса денеска во седиштето на организацијата ќе го потпишат протоколот за членството на Македонија во НАТО.

На официјалната церемонија е поканет министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој ќе присуствува на свечениот чин на потпишување. Потпишувањето ќе се одвива на ниво на постојани дипломатски претставници на земјите членки.

Од денеска, Македонија ќе може да присуствува на сите клучни формати на Алијансата, но нема да има право на глас, ниту ќе може да учествува во најдоверливите и најчувствителните состаноци, сѐ додека не се стекне со потребното знаење и искуство. По денешното потпишување, почнува процесот на ратификација на протоколот од страна на парламентите на сите земји членки на НАТО, процес кој може да трае до година и половина.

За Македонија се очекува овој процес, сепак, да биде покус, бидејќи тој станува сѐ покус и покус со секоја нова земја членка. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest