Clenstvo-NATO

Потпишан протоколот за прием на Македонија во НАТО

Брисел, 6. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Во седиштето на НАТО во Брисел е потпишан пристапниот протокол за Македонија како 30-та членка на НАТО.

Параф на протоколот ставија претставници на 29-те земји членки, а во име на земјава протоколот го потшиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Пред чинот на потпишување, тој се обрати пред членките на Северно-атлантската Алијанса.

– Ова беше долго патување. Македонија наскоро ќе биде Северна Македонија, тоа е прашање на денови. Докажавме дека можеме да ги решаваме проблемите со кои се соочуваме. Ова ќе испрати смирувачка порака во регионот во кој сѐ уште има неизвесност. Ние сме подготвени, ние сме тука, ќе ги преземеме одговорностите што следуваат со членството во НАТО. Се надевам на ефикасно спроведување на ратификацијата, истакна Димитров.

Од денеска, Македонија ќе може да присуствува на сите клучни формати на Алијансата, но нема да има право на глас, ниту ќе може да учествува во најдоверливите и најчувствителните состаноци, сѐ додека не се стекне со потребното знаење и искуство. По денешното потпишување, почнува процесот на ратификација на протоколот од страна на парламентите на сите земји членки на НАТО, процес кој може да трае до година и половина. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest