Dolard2-640x359

Со поетско читање ќе се одбележат 118 години од раѓањето на А. ден Долард

Охрид, 7. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Со поетско читање, денес во КИЦ „Култура 365“ ќе се одбележат 118 години од раѓањето на А. ден Долард.

Од пред неколку години центарот го востанови настанот „Поетите во чест на А. ден Долард“.

На средбата ќе се одржи и предавање за животот и делото на холандскиот писател.  А. ден Долард беше најголемиот промотор на Република Македонија во Кралството Холандија. Во периодот помеѓу 1931 и 1994 година тој објави бројни книги и новинарски статии коишто беа инспирирани од неговите чести престојувања во Македонија. Посебно изразена беше неговата љубов кон Охрид, за што е сведоштво и култниот роман „Свадбата на седумте Цигани“.

Во Охрид, во рамките на Холандскиот парк подигнат е споменик, а има и спомен-соба, во рамките на КИЦ „Култура 365“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest