vodovodohrid

Во јавните претпријатија се воведува функцијата заменик директор

Скопје/Охрид, 7. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Собранието на Република Македонија во рамките на 77-та седница го донесе законот за изменување и дополнување на Законот за јавните претпријатија по скратена постапка.

Истиот беше поднесен од пратениците Александар Кирацовски, Реџаиљ Исмаили, Благојче Трпевски и Јусуф Хасани, а со ова законско решение се воведува функцијата заменик директор во сите јавните претпријатија.

Опозицијата обвини дека со ова власта сака да ги „вдоми партиските војници“ и да ја „спаси коалицијата со ДУИ“. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски од пратеничката говорница посочи дека законските измени кои ги предложи власта ќе ја чинат државата 2 милиони евра годишно. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest