zaev_bekteshi_zakonzapazari_2

Заев ги слушна аргументите на пазарџиите, се бара прифатливо решение

Скопје, 7. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Продолжуваат консултациите помеѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни со цел да се изнајдат взаемно прифатливи решенија.

Пазарџиите вчера се сретнаа со премиерот Зоран Заев и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Како што соопшти владината прес-служба премиерот ги слушнаа аргументите и барањата на пазарџиите.

– Премиерот Заев рече дека Законот за зелени пазари се одложува за една година и беше постигната согласност дека ќе продолжат консултациите помеѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни со цел да се изнајдат взаемно прифатливи решенија кои ќе бидат во интерес на пазарџиите и сите засегнати страни кои работат во оваа област, во насока на воспоставување на ред, намалување на нелојалната конкуренција и регулирање на дејноста, соопшти прес-службата. (Крај)

извор: Плус инфо фото: Влада на РМ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest