Без публика ќе се играат дуелите Валенсија-Аталанта и Интер-Хетафе

Нион, 6. март 2020 (ИНПРЕС) – Европската фудбалска унија потврди дека, поради коронавирусот, два натпревари ќе се одиграат пред празни трибини.

Публика нема да има на осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите помеѓу Валенсија и Аталанта и на првиот осмина-финален дуел помеѓу Интер – Хетафе во Лига Европа.

Во своето последно соопштение УЕФА не ги спомена натпреварите Јувентус-Лион, Барселона-Наполи во Лигата на шампионите и Рома-Севилја во Лига Европа.

Исто така УЕФА потврди пред празни трибини, во Италија, ќе се играат натпреварите во младинската Лига на шампионите. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива