Девојка од Охрид нова жртва од грип во Македонија

Охрид, 7. февруари 2019 (ИНПРЕС) – 25-годишна девојка од Охрид завчера починала на КАРИЛ поради компликации од свински грип, јави Тв Сител.

Пациентката на Клиниката за анестезија и реанимација била 10 дена поради други заболувања. Ова е втор смртен случај од вирусот за три дена.

Во вторникот на Клиниката за детски болести почина и петгодишно дете кое било во тешка состојба, а претходно го лекувале во болницата во Козле од воспаление на белите дробови.

Од последните регистрирани 1.752 заболени, повеќе од илјада се од Тетово и Гостивар. Инаку во земјите од регионот има голем број на смртни случаи како последица од грипот. (Крај)

извор: Сител Тв фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest