Учениците од охридското Економско училиште ја започнаа кампањата за Месецот на ретки болести

Охрид, 7. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Учениците од охридското Економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ и официјално започнаа со кампањата и дадоа силна поддршка во одбележувањето на Месецот на ретки болести.

– Учениците од медицинските паралелки, како идни доктори и медицински сестри, истражуваат и подготвуваат презентации за различни ретки болести кои ќе бидат изложени во холот на училиштето, но ќе бидат објавени и на Instagram под познатиот хаштаг #ShowYourRare, се` со цел и останатите средношколци и сите млади корисници на оваа социјална мрежа да се запознаат со ретките болести, информираат од училиштето.

На први февруари започна кампањата „Ги запознаваме ретките болести“, која Супер радио, активистот Гордана Лолеска и Здружението „Живот со предизвици“ ја иницираа во насока на запознавање на јавноста со ретките болести.

Повеќе за кампањата ОВДЕ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Ивана Маховска

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest