kirilprlicev

Со историски час ќе се одбележат 75 години од смртта на охридскиот револуционер Кирил Прличев

Охрид, 8. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Со историски час денес ќе бидат одбележани 75 години од смртта на охридскиот револуционер Кирил Прличев.

Настанот кој е во организација на општина Охрид и НУ „3авод и музеј“ од Охрид ќе се одржи од 12:00 часот, во „Куќата на Христо Узунов“.

За ликот и делото на Кирил Прличев ќе говорат вишиот кустос м-р Горан Митрески од НУ „Завод и музеј“ и Кирил Прличев, внук на охридскиот револуционер. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest