parlament

Грчкиот парламент ќе гласа за протоколот за пристап на Македонија во НАТО

Атина, 8. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Грчкиот парламент денеска би требало да го ратификува пристапниот протокол на НАТО со Македонија по што земјата во рок од седум дена и официјално треба да го смени името во Северна Македонија.

Нацрт законот за ратификација на протоколот вчера доби зелено светло од Одборот за одбрана и надворешни работи на грчкиот парламент, а денеска за него ќе се изјаснат пратениците на пленарна седница.

Гласањето се очекува да виде во вечерните часови. Според очекувањата на дипломатите, Македонија би можела да стане полноправна членка на самитот на НАТО кој ќе биде одржан во декември во Лондон. (Крај)

извор: slobodnaevropa.mk фото: AP

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest