zabolenigrip

Грипот во Охрид е под контрола, регистрирани се 79 заболени

Охрид, 8. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Ситуацијата со заболени од грип во Охрид е под контрола.

Од почетокот на годинава досега се регистрирани 79 случаи. Според бројките забележливо е намалување на бројот на заболени со истиот период минатата година кога беа регистрирани 134 случаи, вели за Супер радио и OhridPress епидемиологот во Центарот за јавно здравје д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.

– Минатата година циркулираше грип од тип B, а оваа година според земените брисеви изолиран е грип од типот А (H1N1). Сите регистрирани случаи на грип се кај помлади пациенти, кои не примиле вакцина против сезонски грип, која беше четиривалентна, потенцира д-р Коровешоска.

Грипот оваа сезона зеде две жртви. На 5-ти февруари на Клиниката КАРИЛ поради компликации од свински грип почина 25-годишна девојка од Охрид, а ден потоа на Клиниката за детски болести почина пет годишно девојче од Скопје. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest