08_02_2019_OHRIDSKI_KUKI_8

Се поставуваат информативни табли на објектите од културното наследство

Охрид, 8. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Општина Охрид во соработка со НУ Завод и Музеј  – Охрид, како дел од своите програмски активности, изработи информативни табли за објекти кои се означени како културно наследство.

Таблите согласно Одобрението издадено од Министерство за култура односно од Управа за заштита на културното наследство започнаа да се поставуваат на објектите.

Од вкупно 82 табли кои ќе се постават, во текот на вчерашниот ден беа поставени 12 табли на следните објектите: Куќа на Робевци, Куќа на Христо Узунов, Куќа на Уранија, Куќа на Патчевци, Куќа на Коле Котуше, Куќа на Ламбески, Куќа на Чаулеви, Куќата на Крапче, Куќата на Бојаџиеви, Куќата на Димзови, Управна зграда Завод и Музеј – Радничка школа, Куќа на Банде.

Во наредниот период ќе продолжи поставувањето на останатите  табли. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest