inpress

InPress ги објавува Правилникот и Ценовникот за покривање на Локалните и претседателските избори 2019 година

Охрид, 8. февруари 2019 (ИНПРЕС) – По распишувањето на предвремените локални избори во Охрид, како и за претседателските избори, порталот InPress, согласно законските норми, ги објавува Правилникот и Ценовникот за покривање на Локалните избори 2019 година.

П Р А В И Л Н И К
за покривање на Локалните избори 2019 година:

1. Порталот InPress веќе ги извести соодветните институции дека ќе ја покрива изборната кампања за Локалните избори 2019 година. Според важечките законски и етички норми, сите настани во текот на кампањата ќе бидат покриени, без притоа уредниците да се впуштаат во коментирање на истите и ќе ја задржат објективноста и неутралноста.

2. На порталот ќе има посебен дел – рубрика во која ќе се објавуваат сите вести кои се поврзани со активностите на кандидатите. Ќе се објавуваат и партиските соопштенија, реакции, контрареакции и сите содржини кои се важни за изборниот процес.

3. Маркетиншкиот дел, односно комерцијалните објави за учесниците во изборниот процес ќе бидат јасно одделени од другите маркетинг содржини и истите ќе се наплатуваат според цените кои се претходно доставени до сите надлежни органи, како и до сите учесници во изборниот процес. На сите учесници во изборната кампања, порталот ќе им овозожи платено политичко рекламирање под подеднакви услови, а редоследот ќе биде според принципот „прв пријавен“.

4. Согласно важечките и професионални норми, InPress нема да објавува било какви содржини кои поттикнуват верска, национална или друга нетрпеливост и повикуваат на насилно уривање на системот и бојкот на изборите. Нема да се објавуваат ниту содржини во кои се однесуваат на деца помлади од 14 години.

5. На сите лица кои се вработени во порталот, како и на надворешните соработници им се забранува било каков ангажман во изборната кампања.

6. Ценовникот за платен политички маркетинг може да се симне ОВДЕ.

InPress, февруари 2019 година

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest