makedonskozname-640x360

Распишани изборите, Охрид ќе избира градоначалник на 21-ви април

Охрид, 9. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери ги распиша претседателските изборите за 21-ви април. Вториот круг, доколку го има, би се одржал на 5-ти мај.

Кој се` ќе влезе во изборната трка ќе се знае до средината на следниот месец. Премиерот Зоран Заев не ја напушта идејата за консензуален кандидат меѓу СДСМ и ДУИ и покрај најавите за самостоен настап. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ пак, ќе се избере меѓу 8-мината пријавени на партискиот конкурс на Конвенцијата која на 16-ти февруари ќе се одржи во Струга.

Покрај претседателските, во Охрид, Дебар и Ново Село ќе се избираат и градоначалници.

Охриѓани на 21-ви април ќе избираат нов градоначалник, откако на 15-ти декември минатата година, ненадејно почина досегашниот градски татко, проф. д-р Јован Стојаноски. Во моментов, функцијата Градоначалник на Охрид ја врши еден од најблиските соработници на Стојаноски, д-р Константин Георгиески. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest