opstopolicijasoobrakajka

СВР Охрид со детали за вчерашната сообраќајка, повредени две лица

Охрид, 9. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Вчера, околу 18:45 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на селото Оровник, се случила сообраќајна незгода во која се повредени две лица.

– Во незгодата се повредени 23-годишниот М.П. и 29-годишниот Л.С., двајцата од Охрид, кои се здобиле со повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Во незгодата учествувале товарно моторно возило кое го напуштило местото на настанот и патничките моторни возила „Опел Астра“ со охридски регистарски таблици, управувано од повредената М.П. и „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван од повредениот Л.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: СВР Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest