CelziMancester

Манчестер Сити го декласира Челзи

Манчестер, 11. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Катастрофален пораз од 6:0 претрпе тимот на Челзи синоќа на гостувањето кај Манчестер сити. Головите за Манчестер ги постигнаа Серхио Агуеро – три, Рахим Стерлинг – два, Илкај Гундоган – еден.

Актуелниот шампион на Премиер лигата со новите три бода повторно се врати на врвот на табелата изедначувајќи се по бројот на бодовите со Ливерпул, но „граѓаните“ имаат и натпревар повеќе од конкурентите.

За Челзи ова беше шести пораз во 26-от натпревар по кој остана на 6. место. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest