tepacka1

Кривични за две лица учесници во тепачка во Охрид

Охрид, 11. февруари 2019 (ИНПРЕС) – На 11-ти февруари оваа година, околу 05:00 часот, на улицата „Вардар“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад помеѓу две лица од Охрид.

– Станува збор за 30-годишниот Е.З. и четири години постариот Е.З., двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против нив ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest