cornercistenje

Финални подготовки, наскоро се отвора новиот хотел Sky Corner

Охрид, 11. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Посебна екипа на специјализирани лица денес ги чистеше тешко достапните делови од хотелот Sky Corner, новиот и супер репрезентативен угостителски објект во Охрид, во строгиот центар на градот.

Целата активност е дел од финалните подготовки за отворање на хотелот, кој треба да биде отворен за посетителите во најкус рок. Инаку, станува збор за сериозна инвестиција на охридската компанија „Инфобиро“, во склоп на која веќе работат и IB Fitness Центарот и Бистро „Корнер“.

Image may contain: people sitting, table and indoor

Новиот хотел Sky Corner е сместен во дел од поранешните простории на „Охридска банка“ и според првите фотографии од објектот, ќе биде вистински „бисер“ на охридското угостителство.

– Уште сосема малку и Ве очекуваме на најубавата локација во градот, порачуваат од Sky Corner. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest