makedonija-i-nato-zname

Знамето на НАТО ќе се развее пред македонската Влада

Скопје, 12. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Пред Владата на Република Македонија денеска на свечена церемонија ќе биде подигнато знамето на НАТО, а најавено е обраќање на премиерот Зоран Заев.

Од зградата на Владата вчера веќе беше отстранет написот „Влада на Република Македонија“ откако грчкиот Парламент го ратификуваше Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО.

Се испраќањето на Вербалната нота од Атина со која ќе го информира Скопје дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО и дека се исполнети сите правни услови за влегување во сила на конечната спогодба и уставните амандмани, се очекува да почне примената на новото име „Република Северна Македонија“. Потоа во Службен весник ќе биде објавен датумот на влегување во сила на уставните амандмани и уставниот закон.

Двете држави ќе треба да испратат и заедничко писмо до генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш со кое ќе го информираат за датумот на влегување во сила на конечната спогодба, со што ќе се стави  крај на повеќедеценискиот билатерален спор. За промената на името ќе бидат информирани и Секретаријатот на ООН, земјите членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останати меѓународни организации.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest