biznisligafudbal

ЈП „Билјанини извори“ повторно организира Бизнис лига во мал фудбал

Охрид, 12. февруари 2019 (ИНПРЕС) – По вторпат ЈП „Билјанини извори“ ќе организира Бизнис лига во мал фудбал.

Предвидено е да се одржува од 2-ри март до 21-ви април. Сите заинтересирани треба да состават своја екипа од вкупно 10 играчи (сите вработени во претпријатието), да достават список на играчи (име, презиме, број на лична карта, заверен со печат и потпис од организацијата ) и да уплатат котизација во висина од 30 000 денари по екипа.

– Потребите на активните вработени во компаниите, институциите и организациите за популарно наречениот тим билдинг се големи така што ние заедно со учесниците убедени сме дека ќе успееме за еден чекор да ја подобриме комуникацијата, мотивацијата и продуктивноста кај самите учесници/вработени, а со тоа и целокупната работна атмосфера во самите правни субјекти, велат од претпријатието.

Пријавувањето на екипите и подигнувањето на апликација може да се врши на официјалната интернет страница на ЈП „Билјанини извори“ или на Facebook, во периодот од 11-ти до 25-ти февруари.

На првопласираните претпријатието ќе им додели бесплатни ваучери за користење на спортската сала и бесплатно рекламирање во истата. За сите учесници ќе им биде овозможено поставување на рекламно пано во спортската сала додека се одржуваат натпреварите од Бизнис лигата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest