pazarohrid2-640x360

Ќе се подготвува нов предлог закон за трговија на зелени пазари

Скопје/Охрид, 13. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Формирана е работна група за подготвување на нов предлог-закон за трговија на зелени пазари, беше соопштено на вчерашната владина седница.

– Во неа членуваат и претставници на здружението на трговците на зелени пазари и постои цврста политичка определба дека конечното решение ќе биде и во интерес на нивна заштита, велат оттаму.
Влдата донесе одлука да не даде мислење за предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари, бидејќи веќе е донесена одлука со кој се предвидува пролонгирање на рокот за влегување на сила на законот за јануари 2020 година.

Минатата недела премиерот Зоран Заев оствари средба и ги слушна аргументите на пазарџиите, на која било потенцирани дека ќе продолжат консултациите помеѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни во насока на изнаоѓање взаемно прифатливи решенија, воспоставување на ред, намалување на нелојалната конкуренција и регулирање на дејноста.

Неофицијално, пазарџиите подготвуваат иницијатива до Уставен суд за да се преиспита уставноста на законот, што беше донесен по скратена постапка и како што велат, без консултација со сите засегнати страни.

Изгласаните одредби предизвикаа гнев кај пазарџиите, меѓу другото и поради тоа што се предвидуваше обврска за пазарџиите да плаќаат лиценца од 60 евра. На 28-ми јануари Собранието го усвои предлогот по скратена постапка да се донесе одлуката за да се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари.

Измените предвидуваат за три месеци да се одложи донесувањето на подзаконските акти, регистрацијата на пазарџиите да започне да се применува од 1-ви јануари 2020 година, до тогаш пак организаторите на зелените пратеници треба да го усогласат своето работење согласно законските одредби.

Согласно законот на пазар нема да може да продаваат пензионери или хонорарно вработени лица. Во Охрид таа категорија луѓе е значителна и стигнува и до 50% од пазарџиите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest