sala-emuc-2

Започна изградбата на спортската сала во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Охрид, 13. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Во дворот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид, деновиве започнаа градежните работи за изградба на спортска сала, која е дел од проектот „Изградба на 145 спортски сали“ на Министерството за образование и наука, во соработка со општина Охрид.

 

– Спортската сала е објект со големина од 650 м2 и е комплетно опремена со потребните спортски реквизити, а динамиката за нејзина изградба ќе зависи и од временските услови. Предвидено е таа да биде пуштена во употреба со почетокот од следната учебна година. Како составен дел на истиот проект, предвидена е замена на постојната покривна конструкција како и замена на дотраената дрвена дограма со нова. Овие градежни активности ќе бидат реализирани до почетокот на учебната 2019/2020 година, информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest