opstina-ohrid-vlez1

За петок закажан собир на граѓани од Урбана заедница „8-ми септември“

Охрид, 13. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Советот на урбана заедница 9 – „8-ми Септември“ во петок, 15-ти февруари, со почеток во 20:00 часот ќе одржи собир на граѓани во месната канцеларија.

На средбата ќе се изврши избор на членови на Советот.

– Се покануваат сите охриѓани од оваа урбана заедница да бидат дел од случувањето. Советот на облиците на месната самоуправа е составен од три до седум членови. Мандатот на членовите на советот трае четири години, информираат од локалната самоуправа. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest