ajaxrealtotdort

ЛШ: „Кралевите“ во Амстердам, „милионерите“ во Лондон

Амстердам, 13. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Нови два натпревари вечерва ќе се одиграат во нокаут рундата во Лигата на шампионите. Европскиот првак Реал, во првиот меч од осмина-финалето ќе гостува кај Ајакс, додека Тотенхем ќе ја пречека Борусија Дортмунд.

Дуелот на арената „Јохан Крјф“ во Амстердам „тежи“ 17 трофеи во најквалитетното клупско натпреварување. Пред два месеци, Реал беше во криза и тогаш Ајакс делуваше како фаворит. Во меѓувреме работите се сменија, Реал ја кренаа својата форма, влегоа во серија на победи и се вратија во шампионската трка во Шпанија.

Од друга страна, формата на Ајакс е далеку од потребното ниво за вакви натпревари. Откако во првенството, на домашен терен, испуштија предност 3:1 против Херенвен (4:4), доживеаја дебакл во дербито кај Феенорд (2:6), а кризата ја продлабочија минатиот викенд со поразот од Хераклес.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest