phv

ПХВ инструкторите ја реализираа втората ЦКА-ПХВ обука во Охрид

Охрид, 13. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Тимот на ПХВ инструкторите при ОО на Црвен крст успешно ја реализираа втората ЦКА-ПХВ обука во Охрид.

– Младинците се мотивирани и со нови искуства, пред да ги започнат нивните проекти со кои прават промени во нашата заедица од типот на Социјално- хуманитарна помош, Здравствено-превентивни едукации, Мултиетничка интеграција, Промена на дневна рутина на лица со посебни потреби и останато.
А сето тоа преку организирање на работилници, отворени трибини, концерти и други креативни настани на кои можат да присуствуваат сите граѓани, информираат организаторите.

Image may contain: 3 people, people sitting and indoor

Програмата ПХВ-ЦКА е национална програма која обучува млади луѓе на возраст од 14-18 години, да изготвуваат проекти со кои помагаат на целни групи на кои им е потребна помош. Младите се дружат меѓу себе, подобро се запознаваат, ги откриваат и зајакнуваат своите способности, таленти и квалитети. Меѓусебно се поттикнуваат и поддржуваат. Се јакне нивната самодоверба, стануваат потолерантни кон останатите, ги јакнат комуникациските вештини и работат тимски. Младите ја изразуваат својата креативност и ја користат во организирањето на активности преку кои обезбедуваат средства за остварување на нивната цел. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest