tekvondo-seminar-3

Уште едно успешно издание на теквондо семинарот на Гранд Мастер Ким Унг Чол во Охрид

Охрид, 13. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Одлична завршница на годинашниот технички семинар со професорот Гранд Мастер, Ким Унг Чол, црн појас, IX дан, што се одржа во спортската сала на Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ од Лескеоц.

По четврти пат клубот беше домаќин на еден од најдобрите мајстори во светот. Професорот Чол, црн појас IX дан е претседател на комисијата за организирање турнири во рамки на Интернационалната теквондо федерација и еден од двајцата носители на титулата Сениор Гранд Мастер во светот. Тој бил презадоволен од организацијата на семинарот, од квалитетот и дисциплината на учесниците и од убавините на Охрид и Македонија.

Како што прилега на врвен мајстор во негов стил го направи и овој семинар врвен при што секоја техника една по една им ја покажа на нашите спортисти, со надеж дека ќе помогне да успееме да освоиме медал на следното европско првенство во април, во Римини,Италија, вели првиот човек на клубот, Марјанчо Лазаревски.

– Посебно посвети внимание на Давид Крстески кој ќе настапи на ова Европско првенство, што е најголема предност за неговата понатамошна кариера, бидејќи започнува на 11 години да се натпреварува на Европско првенство, со сите исполнети критериуми, а воедно и со најмлада дозволена возраст. Секако за неговиот досегашен успех, за сите натпреварувачи кои се борат за критеиум за европско или светско, како и за сите успеси на теквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ најзаслужен е генералниот спонзор „ПН Метал”. Професорот Ким Унг Чол ги презентираше најновите таеквондо ИТФ техники пред учесниците. Овие техники во иднина ќе бидат од огромно значење за младите таеквондисти од Македонија, вели Лазаревски.

Македонија од овој семинар излезе побогата со двајца носители на црн појас V дан и тоа за Марјанчо Лазаревски и Ацо Јосифоски кои покажаа одлично познавање на целата Таеквондо ИТФ техника и одлична демонстрација на истата.


Со семинарот „Учиме од најдобрите“ Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ од Лескоец ги започнува активностите за оваа година. Ги очекуваат напревари во Србија, Чешка, Италија, Словенија, Романија, како и учествата на светско првенство во Пловдив, Бугарија, турнири во Словенија, Босна и Херцеговина.

Претседателот на клубот Лазаревски најави дека планираат организирање меѓународен ИТФ турнир „Охрид опен“ кој ќе би се одржал на 22-ри јуни. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ХВА РАНГ ИТФ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest