Kim Smoothy

Започна новиот проект на КИМ и „Тамаро“ маркетите „Per Tutti – КИМ Smoothy“

Охрид, 16. февруари 2019 (ИНПРЕС) – Денес и официјално започна новата наградна игра на охридските „Тамаро“ маркети и компанијата КИМ – „Per Tutti – КИМ Smoothy“.

Станува збор за дел од промотивните активности за презентација пред охриѓани на најновиот производ на компанијата КИМ – Smoothy соковите.

– КИМ и „Тамаро“ повторно наградуваат и забавуваат. Сакаме да Ви го презентиране овој прекрасен производ кој е направен од 100% овошје, без додатоци или било какви конзерванси. Го има во повеќе вкусови и во големо и мало пакување од 700 и 200 мл. Направете ги среќни вашите најмали и најмили. Вкусови на аронија, јагода, свежи плодови на кајсија, праска и банана, кои ќе го препородат вашиот организам. Уште и антиоксиданс и детокс смути за закрепнување после бурно помината вечер или за дополнителна енергија и свежина во вашиот организам. Имаме календар на настани за презентација на производите во дел од најдобрите охридски кафе барови, каде гостите ќе имаат можност да ги пробаат сите вкусови на КИМ Smoothy, информираат од „Тамаро“.

Денес се одржаа презентации во Бистро „Корнер“ и The Vault во Охрид.

Проектот кој е осмислен од креативниот тим на Супер радио предвидува и посебни награди и за слушателите на радиото и читателите на OhridPress и Inpress. Секој петок во рамките на „Евтините приказни“ со Александра на Супер радио ќе имате можност да добиете пакет КИМ производи.

– Се` што треба да направите е да го купите омилениот КИМ Smoothy вкус во некој од „Тамаро“ маркетите и да ни испратите фотка на нашиот профил на Facebook. Следете ги насоките од водителите и ќе уживаме заедно во вкусните КИМ Smoothy сокови и секако ќе добиваме многу награди, порачуваат од Супер радио. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest